Куманово врза две победи во серија

Кошаркарите на Куманово ја надминаа големата резултатска криза, па денеска триумфираа над МЗТ Скопје 2 со 75-71, за првпат сезонава успевајќи да врзат две победи во низа.

Младите „штркови“ под водство на новиот тренер Нешовиќ се покажаа како незгоден ривал, одлично парираа во речиси целиот натпревар, откако првата четвртина ја добија со убедливи 16-26, а на одмор заминаа со минимално водство од 38-40. Кумановци заиграа далеку подобро во третиот период во кој МЗТ 2 постигна скромни 12 поени,  по што домаќините ја презедоа контролата над резултатот. Гостите не се предадоа, па во последната четвртина за момент и поведоа со 67-68 со слободните фрлања на Митевски, но Зивчевиќ погоди и го врати Куманово во водство, потоа во серија влезе и Американецот Абром, кој стави печат на победата на домашниот состав.

Абром со 21 поен беше прв стрелец на екипата на Куманово, додека Американецот Ренсом со 25 поени беше најефикасен во таборот на МЗТ Скопје 2.

Се вчитува...