Ќумбев донира средства за оброци на лица во Велес погодени од кризата поради коронавирусот

Претседателот на Синдикатот на фудбалери на Македонија, Панче Ќумбев во моментите на глобалната криза се одлучи за реализиција на хуманитарна акција, донирајќи финансиски средства за обезбедување 400 обраци потребни за лица од Велес кои се финансиски погодени од пандемијата на коронавирусот.

„Сакам јавно да се заблагодарам до Гостилница Боем, Општинската организација на Црвениот крст Велес и госпоѓата Ленче Здравкин за помошта во реализацијата на хуманитарната акција која ќе биде спроведена утре околу пладне. Јас со мојата сопруга издвоивме средства и обезбедивме 400 оброци кои ќе ги приготви Гостилница Боем од Велес. Црвениот Крст и госпоѓа Здравкин Ленче помагаат со обезбедување на волонтери, превоз и достава до луѓето на кои тие оброци им се навистина потребни. Пред Гостилница Боем утре ќе има и пункт од 11 до 13 часот на кој ќе се делат оброците за сите оние кои што ќе можат да си ги подигнат. Честит Велигден и за многу години нека е. Оброците се за сите луѓе кои имаат потреба без разлика на нивната вероисповест. Пред Бога сме сите исти“ – информираше Ќумбев.

Поранешниот фудбалер на Борец, Победа, Работнички, но и полските Дискоболија и Легија Варшава е уште еден од македонските спортисти и спортски работници кои изминатиов период се одлучија да донираат во моментите на тешката здравствена криза.

Се вчитува...