Куп на Германија: Борусија Д. елиминирана од второлигаш

Бранителот на трофејот во германскиот Куп Борусија Дортмунд е елиминиран вечерва од Сент Паули со 2-1 во осминафиналето.

Сент Паули уште ов првиот дел дојде до 2-0 преку Аменијидо и автоголот на Витсел. Во вториот дел Халанд од пенал само намали, и тоа беше се што сторија „милионерите“ кои доживеаја уште еден „шок“ по елиминацијата од Лигата на шампионите оваа сезона.

Во следната фаза оди и Бохум кој го елиминираше Мајнц со 3-1. Уште еден прволигаш е елиминиран од второлигаш. Станува збор за екипата на Келн која е елиминирана од Хамбургер по изведувањето на пенали. Карлсруе со 0-1 го совлада 1860 Минхен и се пласираше во следната фаза.

Меѓу најдобрите осум нема место ниту за Баерн Минхен кој претходно беше елиминиран од Купот од Борусија Менхенгладбах.

Се вчитува...