КУП НА ГЕРМАНИЈА: Фрајбург во 120 минута до пласман меѓу четирите најдобри (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фрајбург во еден неверојатен натпревар по 120 минути игра успеа да слави на гостувањето кај Бохум и со тоа да обезбеди пласман во полуфиналето на германскиот куп.

По првото полувреме кое заврши без голови 0-0, гостите поведоа со голот на Петерсен во 51. минута. На 1-1 израмни Полтер во 64. минута, резултат кој беше активен по регуларните 90 минути.

Продолженијата продолжија во неизвесна игра, а кога сите ги очекуваа пеналите Салај постигна гол кој донесе голем триумф за гостите и пласман меѓу четирите најдобри тима во националниот куп сезонава.

 

Се вчитува...