КУП НА ГЕРМАНИЈА: Лајпциг сигурен, Хановер ја шокираше Менхенгладбах (ВИДЕО)

Ред Бул Лајпциг се пласираше во четвртфиналето во германскиот куп откако славеше над Ханза Рошток со 2-0 во осминафиналната фаза. Водство за домаќините донесе Поулсен уште во 6. минута, а конечните 2-0 ги постави Дани Олмо во 82. минута.

Хановер стигна до сензационална победа над Борусија Менхенгладбах со 3-0. На два пати Бејер и еднаш Керк беа стрелци на головите за победничкиот тим.

 

 

Се вчитува...