КУП НА ГЕРМАНИЈА: Лајпциг сигурен против Хановер (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лајпциг му се приклучија на Унион Берлин во полуфиналето на германскиот национален клуб. Лајпциг ја оправда фаворитската улога и со убедливи 0-4 славеше на гостувањето кај Хановер.

Нкунку со два гола и Лајмер и Андре Силва беа стрелци на погодоците за победничкиот тим. Вечерва ќе бидат познати и последните два патника меѓу четирите најдобри во ова натпреварување.

Хамбург и Карлсруе во моментов играат продолженија, додека од 20.45 часот почнува мечот меѓу Бохум и Фрајбург. За потсетување, вчера Унион Берлин во првото четвртфинале славеше над Сент Паули со 2-1.

 

 

Се вчитува...