КУП НА МАКЕДОНИЈА: Еуро Никел во супер-интересен меч до победа над Чаир

Кошаркарите на Еуро Никел се вторите патници во полуфиналето на Купот на Македонија откако на Ф8 турнирот во Битола славеа над дебитантот во оваа конкуренција Чаир во неизвесен меч со 87-79.

Дебитантот на завршните турнири во Купот на Македонија подобро го отвори мечо. Чаирчани одиграа одлично во првата четвртина и по десет минути игра имаа предност од девет поени 17-26. Кавадарчани по спориот старт успеаја да се консолодираат во вториот период и со една фуриозна игра успеаја до паузата меѓу двете полувремиња целосно да ја анулираат негативата (47-47).

Кавадарчани го отворија второто полувреме со серија од 6-0 (53-47). Целиот трет период се играше во налети, а по 30 минути игра Еуро Никел имаше позитива од четири поени (69-65). Во последниот период се водеше жестока битка, а на една минута до крајот кавадарчани влегоа со минимална предност од (79-78). Искусните кавадарчани подобро се снајдоа во финишот и успеаја да стигнат до конечен триумф од 87-79. Мек Смит со 28 поени беше убедливо најдобриот поединец во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 20 поени на Давел Роби.

 

Се вчитува...