Куп на Македонија: Продолжување на доминацијата на Вардар, или историја за Охрид?

Во Струмица во салата „Парк“ вечерва се игра завршницата на ракометниот Куп на Македонија во машка и во женска конкуренција.

Во фокусот ќе биде машкото финале, во кое Вардар и ГРК Охрид ќе ги одмерат силите. „Црвено-црните“ атакуваат по неверојатна бројка од 18-ти пехар во ова натпреварување, додека Охрид има шанса да испише историја и да дојде до првиот трофеј во ова натпреварување.

Вардар стигна до финалето со триумф над Алкалоид, додека ГРК Охрид го изненади Е.Пелистер и не дозволи да има вечно дерби во финалниот меч за трофејот. „Црвено-црните“ доминираат во ова натпреварување, и во последните 12 години дури 10 пати го подигнале пехарот. Нивната низа ја прекинаа само Металург во 2019, и Алкалоид во 2024 година.

Охриѓани ке имаат шанса да им се приклучат на  екипита на Алкалоид, Тутунски комбинат Прилеп, Куманово и Борец кои имаат по еден трофеј во ова натпреварување. Металург има шест, додека Пелистер има пет трофеи.

 

Се вчитува...