Денеска се одиграа четири натпревари од 16-финалето на фудбалскиот куп на Македонија во кои фаворите ја оправдаа улогата и притоа беа ефикасни.
Најубедливата победа ја оствари Македонија ЃП која со неверојатни 14:0 го победи Велазереми.
Убедлива беше и Струга ТЛ која броеше до десет против тимот на Валандово (10:1). Најефикасен беше Рочи со четири постигнати голови, а 16-годишниот Агон Демири даде два гола.
Убедлив настап на стартот од Купот имаше и Брера му даде осум гола на Венец Неготино (8:0), како и Пелистер кој славеше со 6:1 против Студеничани.
РЕЗУЛТАТИ
Велазерими – Македонија ЃП 0:14
Победа Валандово – Струга ТЛ 1:10
Студеничани – Пелистер 1:6
Венец Неготино – Брера 0:8
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
