КУП: Вардар брка негатива од два гола, Пелистер ќе ја спасува очајната пролет

Шкендија како и минатата сезона повторно е блиску до финале во Купот на Македонија. Заверката на својот настап во финалето, по оние први 1-3 од првата полуфинална средба против Вардар во Скопје треба да ја реализира денеска од 16 часот на реванш дуелот кој се игра во Тетово.

Тетовци се убедени дека ќе се борат за трофејот во Купот, откако претходно речиси сигурно ја загубија трката за шампионската титула…

„Атмосферата во тимот е навистина добра. Победата против Пелистер малку не освежи и сега сме подготвени за надигрување со Вардар. Нема некој дополнителен притисок, но нема ниту опуштање по онаа предноста од 1-3. Знаеме дека сме блиску до финалето, но сето тоа ќе треба добро да се сработи и во денешните 90 минути“ – вели Бразилецот Жуниор.

Во таборот на Вардар, пак, најавуваат битка до последната минути за надополнување на негативата од два гола. Факт е дека ќе биде повеќе од тешко да се обезбеди финале, но за нив се додека постои и најмала шанса ќе се борат до крај.

Во втората полуфинална пресметка, Пелистер конечно се враќа под „Тумбе кафе“ во Битола. „Зелените“ бркаат финале по оние први 2-2 против Брегалница во Штип.

sloga-pelister 2017 (7)

За Пелистер полуфиналето во Купот и пласманот во финалето е спасување на очајната пролет. Во досегашните десет натпревари од пролетта, вклучувајќи го и ремито (2-2) со Брегалница во Купот, составот на Наџи Шенсои има само две победи, три ремија и пет порази.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ПОЛУФИНАЛЕ (реванш дуели, 16 ч.)Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (3-1)Битола: ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА (2-2)

* Во заградите се резултатите од првите натпревари

Се вчитува...