Купи го Тибо Куртоа и титулата е твоја!

Зинедин Зидан во летниот преоден рок во 2018 година се откажа од неколку планирани засилувања за да го доведе Тибо Куртоа на голот на „кралевите“. Белгискиот голман имаше мали потешкотии да се прилагоди на „Сантијаго Бернабеу“, но оваа сезона до израз дојде неговата врвна класа.

Тој на 34 натпревари во Ла Лига прими 19 гола, а на дури 18 меча успеа да ја сочува мирна мрежата на „кралевите“. Куртоа даде огромен придонес во освојувањето на 34.титула на Реал Мадрид, а ја продолжи традицијата – да освојува шампионски пехар со секој клуб каде што настапувал во кариерата.

Тибо Куртоа ја почна кариерата во Генк и со овој белгиски клуб стана шампион во сезоната 2010/11. Потоа беше дел од Атлетико Мадрид и во сезоната 2013/14 го освои пехарот во Ла Лига.

Следеше преселба во англискиот премиерлигаш Челси и титула на Островот во сезоната 2016/17.

По враќањето во Ла Лига и облекувањето на дресот на Реал Мадрид, оваа сезона го крена шампионскиот пехар со „кралскиот клуб“.

Се вчитува...