Реал Мадрид дојде до 14-тиот пехар во Лигата на шампионите, откако вечерва со 1-0 го совлада Ливерпул во големото финале одиграно во Париз. Иако „црвените“ имаа повеќе од играта и од шансите, сепак, на крајот „кралевите“ со еден гол успеаја да дојдат до големиот пехар.
Винисиус беше човекот кој што погоди во мрежата на Алисон во 59. минута, меѓутоа херој на мечот е голманот Тибо Куртоа кој што собра дури девет одбрани на мечот.
Во финишот од средбата Реал можеше да стигне и до втор погодок, меѓутоа немаше завршница, а Ливерпул на крајот нападна и со Ван Дајк и со сите сили, но „кралевите“ се одбранија и така дојдоа до 14-тиот трофеј.
За Карло Анчелоти ова е четврти трофеј во историјата во ЛШ. Сега Реал е бесмртен, направи голема предност во бројот на титули првак на Европа. Ливерпул остана на шест трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА