Кузмановски: Многу боли овој пораз, самите сме виновни

Ракометарите на ГРК Охрид се први финалисти во Купот на Македонија откако денеска на Ф4 турнирот кој се игра во салата „Парк“ во Струмица го декласираа Е. Пелистер со убедливи 26-19.

По мечот свој став даде и капитенот на битолчани, Филип Кузмановски кој рече дека многу го боли овој пораз.

„Самите сме виновни за овој пораз, навистина боли, Пелистер секогаш сака да оди на победа, но денеска имавме лош ден од почетокот до крајот. Сега останува да сме фокусирани на натпреварите во првенството и да одиграме како што знаеме. Криво ми е, ќе мора добро да размислиме како изгледавме денеска на теренот, навистина не бевме тој препознатлив Пелистер, како на последниот натпревар со Алкалоид. Честитки до Охрид и им посакувам среќа во финалето“, изјави Кузмановски.

Се вчитува...