Жалгирис го приреди најпријатното изненадување на денешните квалификациски мечеви за ЛШ откако литванскиот првак како гостин го шокираше Малме со 0-2, обезбедувајќи пласман во следната рунда. Литванците допатуваа во Шведска со предност од 1-0 од првиот меч, а подвигот го комплетираа со одличен настап во Малме, стигнувајќи до триумф со головите што ги постигнаа Ојевуси и Оливеира.
Бодо Глимт демонстрираше апсолутна надмоќ на реваншот против Линфилд, демолирајќи го гостинот од Северна Ирска со преубедливи 8-0.
Супердраматично беше на дуелот меѓу Цирих и Карабах, каде гостите со гол во 96. минута стигнаа до победа од 2-1 и го одведоа мечот во продолжение. Сепак, во дополнителните 30 минути поумешни беа гостинските фудбалери, кои постигнаа гол преку Овусу за големо славје и пласман во следната квалификациска рунда.
Елиминиран во оваа фаза од квалификациите беше и Фенербахче кој по продолжение загуби дома од Динамо Киев со 1-2. Турскиот гигант едвај се избори за продолженија со голот на Шалаи во 89. минута, но Караваев беше херојот на Динамо Киев, постигнувајќи го клучниот погодок во 114. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА