КВАЛИФИКАЦИИ СП 2023: Словенија се спаси од срам против Италија, Грција ја изненади Босна и Херцеговина

Ракометната репрезентација на Словенија успеа да избегне срам и да триумфира во првиот натпревар против Италија на гостински терен со 28-29 во баражот за пласман на Светското првенство 2023 година во Полска и Шведска.

Домаќините одиграа неверојатно прво полувреме по кое имаа предност од 16-14. Италијанците одиграа одлично до последните десет минути кога големиот фаворит го покажа својот раскошен талент и на крајот успеа да стигне и до победа од 28-29. Гаспер Маргуч со десет гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Умберто Бронцо заврши со седум гола.

Босна и Херцеговина ќе има неверојатно тешка задача во реваншот на домашен терен против Грција откако во првиот натпревар кој се одигра денеска изненадувачки загуби со убедливи 24-17. Во последниот натпревар од денешната програма Израел славеше над Литванија со 28-24.

Се вчитува...