„Квалитетот на женскиот тенис е во неверојатен пад, не знам ниту кој е во топ 10“

Руската тенисерка Светлана Кузњецова е разочарана од тоа во која насока се движи женскиот тенис велијќе дека квалитетот е во последните неколку години е толку паднат што и самата таа која е се уште активна не знае кој е во топ 10 на ВТА листата.

„Не сакам никого да навредам, но квалитетот на женскиот тенис е многу паднат. Неодамна имавме многу врвни тенисерки, а сега не знам ниту кои се во топ 10“, изјави Кузњецова. 

Русинката во моментов се наоѓа на 32. позиција на ВТА листата, а најдобриот пласман го имаше во септември 2007 година кога беше втора. Зад себе има вкупно 18 трофеи, од кои две се грен-слем, на УС опен 2004 и Ролан Гарос 2009 година, додека на Австралија опен и Вимблдон најдалеку стигаше до четвртфиналето.

Се вчитува...