Квалјарела го израмни рекордот на Батистута

Фабио Квалјарела за неколку дена ќе наполни 36 години, но искусниот голгетер игра во животна форма во дресот на Сампдорија.

Екипата на Сампдорија денеска славеше над Удинезе со 4-0, меч што ќе остане запаметен бидејќи на него Квалјарела го израмни неверојатниот рекорд на Габриел Батистута, постигнувајќи гол на 11 натпревари по ред во Калчо-лигата. Легендарниот Бати-гол го постави овој рекорд во првите 11 кола од сезоната 1994/95 како член на Фиорентина.

Мора да се напомене дека рекордот на Квалјарела се однесува на 11 натпревари во низа на кои голгетерот на Сампдорија настапил, ако се земе во предвид фактот дека тој не влезе во игра на мечот со Рома на 11 ноември. Серијата на асот на Самп почна со дуелот од 10. коло против Милан и се уште трае. Останува да се види дали Квалјарела ќе постигне гол и во следното коло, на тешкото гостување против Наполи, со што би станал апсолутен рекорд во оваа категорија од историјата на италијанскиот фудбал.

Се вчитува...