Л’Екип: Готово – Нејмар викендов потпишува нов договор со ПСЖ!

Бразилецот Нејмар и дефинитивно останува во ПСЖ, објави француски „Л’Екип“.

Нејмар нема да оди во Барселона, а дефинитивната одлука е да потпише нов договор со ПСЖ. Според новиот договор кој треба да се потпише викендов, Бразилецот во францускиот тим ќе остане до 2026 година и ќе заработува 30 милиони евра по сезона.

Тоа е нешто помалку од досегашните 35 милиони евра, колку што ПСЖ моментално го плаќа. Но, новиот договор му гарантира сигурно примања и во следните пет години, се до неговата 34-та година. Во договорот ќе има и големи бонуси во случај ПСЖ во овој период да ја освои Лигата на шампионите.

Дека би можел да остане во Париз, бразилскиот фудбалер потврди и на својата прва прес-конференција во последните две години.

„Многу сум среќен тум и се чувствувам многу подобро во ПСЖ отколку минатите сезони. Минав низ тешки период со некои лица, но овој клуб во меѓувреме навистина израсна и се се промени на подобро. ПСЖ сега е меѓу четири-пет најдобри клубови во светот“ – вели Нејмар.

„Л’Екип“ дополнува дека ПСЖ сега ќе се обиде да се договори и со Килијан Мбапе чиј договор, исто така, истекува следното лето.

Се вчитува...