ЛА Доџерс шампиони во МЛБ по 32 години

Лос Анџелес Доџерс се нови шампиони во професионалната американска бејзбол лига. Ова за тимот од ЛА е прва титула по пауза од 32 години. Доџерси по седми пат во историјата станаа шампиони, откако во финалната серија со 4-2 ги совладаа Тампа Беј Рејс. Во последниот меч тие победија со 3-1, а ова годинава е втора голема титула во градот на ангелите откако Лејкерс пред нешто помалку од еден месец славеа во НБА.

Се вчитува...