ЛА ЛИГА: Валјадолид е баксузот кој на крајот заврши во понизок ранг (ВИДЕО)

Последното коло во шпанската Ла лига ни донесе вистински возбудувања кога во прашање беше битката за опстанок, бидејќи како никогаш досега дури шест тима се обидуваа да го избегнат последното место кое следната сезона води во Сегунда.

На крајот таа несреќа му припадна на Валјадолид кој на домашен терен ремизираше со Хетафе 0-0 и со тоа им се приклучи на Еспањол и Елче во понизок ранг.

РЕЗУЛТАТИ ЛА ЛИГА 38. КОЛО: Бетис – Валенсија 1-1, Селта В. – Барселона 2-1, Елче – Кадиз 1-1, Еспањол – Алмерија 3-3 и Валјадолид – Хетафе 0-0. 

 

Се вчитува...