Лајпциг е претпоследниот патник во осминафиналето на ЛШ, „кралевите“ со „петарда“ за Селтик (ВИДЕО)

Фудбалерите на германски Лајпциг се претполседниот патник во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако вечерва во меч од последното 6. коло во групата Ф славеа на гостувањето кај Шахтјор со 0-4.

Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Кристофер Нкунку во 10. минута. На 0-2 зголеми Андре Силва во 50. минута. Во 62. минута беше 0-3 со погодокот на Собошлај, додека конечните 0-4 ги постави. Украински Шахтјор на пролет ќе игра во Лигата на Европа.

Shakhtar Donetsk 0 – [4] RB Leipzig – Dani Olmo great goal 68′ from soccer

Реал Мадрид го потврди првото место во Ф сегментот, откако на домашен терен без проблеми го совлада шкотски Селтикс со 5-1. Лука Модриќ од пенал во 6. минута донесе водство од 1-0 за домаќините, а исто така од бела точка Родриго зголеми на 2-0 во 21. минута. До крајот на првиот дел имаше пенал и за гостите, но ударот на Јурановиќ беше спречен од одличниот Тибо Куртоа.

Во второто полувреме Асенсио во 51. минута зголеми на 3-0. Винисиус Жуниор во 61. минута донесе водство од 4-0, додека Валверде во 71. зголеми на 5-0. Почесниот погодок за гостите го постигна Жота во 84. минута.

Real Madrid [5] – 0 Celtic – Federico Valverde great strike 71′ from soccer

 

 

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...