Лајпциг кажа ДА: Диоманде лета за Мадрид

Јан Диоманде во следните 24 часа ќе стане нов член на Реал Мадрид откако репрезентативецот на Брегот на слоновата коска конечно доби зелено светло да отпатува за Шпанија, на лекарски прегледи и потпис со најтрофејниот европски клуб.

Преговорите со Лајпциг траеја долго, но Флорентино Перез на крајот успеа да постигне целосен договор, Реал ќе плати загарантирани 125 милиони евра за овој мега-трансфер, со дополнителни 15 милиони поврзани со неколку клаузули околу бројот на настапи и голови на Диоманде, како и трофеите што овој фудбалер ќе ги освои во дресот на „кралевите“.

Лајпциг утрово и официјално ја прифати понудата на Реал, по што Диоманде доби дозвола да го напушти тренинг-кампот во Австрија и да се упати кон Мадрид.

Тој ќе стане најскапо засилување во историјата на „кралскиот клуб“, воедно и најскап африкански фудбалер на сите времиња.

Крај на уште една трансфер-сага што траеше со месеци летово, со хепиенд за Реал Мадрид.

Се вчитува...