Лајпциг сакаше да се пошегува со Унион за Иско, но доби жесток одговор (ФОТО)

Во последниот ден од преодниот рок, пропадна можноста Унион Берлин да го ангажира звучното засилување Иско. Шпанскиот репрезентативец дојде во Берлин, ги мина лекарските прегледи, но во последен миг не беше потпишан договорот.

Унион Берлин излезе со информација дека имаат свои граници, и дека истите биле прегазени, притоа не образложувајќи што се случило.

Со цел да се пошегува со Унион за трансферот на Иско, РБ Лајпциг објави коментар на „Твитер“, но доби жесток одговор.

„Иско?“, стоеше во објавата на РБ Лајпциг.

„Традиција?“, вратија од Унион Берлин.

 

Се вчитува...