Лајпциг со „дебел“ договор го врза и својот втор стопер

После Јошко Гвардиол, екипата на Лајпциг со нов договор го „врза“ и вториот стопер Мохамед Симакан. Симакан го продолжи договорот со „биковите“ до 2027 година.

Во овој момент не е познато дали младиот репрезентативец на Франција има откупна клаузула, но дефинитивно тоа им ги отежнува работите на челниците на другите клубови кои сакаат да го видат овој дефанзивец во своите редови.

Симакан во Лајпциг стигна пред една година од Стразбур за 15 милиони евра, а сега чини речиси двојно повеќе. Лајпциг ќе треба да одолева на понудите и за Јошко Гвардиол, особено после Мундијалот во Катар, каде што Хрватот има импресивни партии.

Се вчитува...