Лаловиќ е нов центар на Куманово

Состојбата во таборот на Куманово почна да се консолидира, „сино-белите“ славеа на последниот дуел со Феникс, а во меѓувреме управата обезбеди и ново засилување за играчкиот кадар.

Станува збор за 22-годишниот босански кошаркар Срѓан Лаловиќ, кој пристигнува во Куманово од редовите на Игокеа. Младиот центар не можеше да се избори за посериозна минутажа кај тренерот Бајиќ, по што реши да си замине и ја прифати понудата на Куманово. Тој ќе ја пополни центарската позиција во македонскиот прволигаш што остана испразнетапо заминувањето на Каплановиќ.

Кумановци исто така го комплетираа и трансферот на Фреди Мексвеин, крилниот кошаркар кој веќе викендов ќе му биде на располагање на тренерот Мирковски.

Се вчитува...