Лампард без милост – Челси остави 80 милиони на трибини и процвета

Трансферот на Едуардо Менди од Рен стави крај на сите надежи на најскапиот голман на светот, Кепа дека би можел да се врати во првата постава на Челси. 28-годишниот Сенегалец ја оправда довербата на Френк Лампард, Менди нема примено гол на последните пет средби во сите натпреварувања што ги воодушеви и навивачите, а и самиот тренер на „сините“ има само пофални зборови.

„Менди до сега ги прикажа сите квалитети кои еден голман треба да ги поседува. Натпреварите без примен гол се прав показател, имаше и одбрани во одредени моменти кои за нас беа критични и во кои се „кршеше“ резултатот. Не бара многу, скромен е, работи напорно и сака да учествува во играта заедно со соиграчите. Постојано е насмеан и спремен да напредува“ – изјави Лампард пред натпреварот од третото коло во ЛШ во кој Сенегалецот ќе се соочи против својот довчерашен клуб.

Пофалните зборови на легендата на „сините“ на Островот ги сметаат како порака за Кепа. Шпанецот во 2018 година дојде на „Стемфорд Бриџ“ како огромно засилување вредно 80 милиони евра, но лошите натпревари го сместија на трибината. Оваа сезона 26-годишникот одигра само три натпревари во Премиер лигата каде прими дури шест погодоци, но проблем за Лампард е што ниту еден клуб не сака да ризикува со него и да го доведе во своите редови.

Се вчитува...