Лампард го состави тимот од соништата па сега следи „чистка“ на „Стемфорд Бриџ“

Две сезони му беа потребни на Френк Лампард да го состави тимот од соништата на „Стемфорд Бриџ“. Засилувањата до летниот трансфер рок полека се адаптираат на англискиот фудбал и играат се подобро па сега „сините“ се наоѓаат во серија од дванаесет натпревар без пораз, од кои осум завршија со победа.

Мал број на фудбалери го напуштија лондонскиот состав изминатото лето, но сега во новиот трансфер период се спрема „чистка“, за собирање на средства за нови засилувања, а како што пренесуваат англиските медиуми, први на листата се одбранбените играчи Антонио Рудигер и Фикајо Томори.

Репрезентативецот на Гермнија не е во прв план кај „сините“ оваа сезона, има одиграно само четири меча во сите натпреварувања, а за неговиот потпис се заинтересирани Тотенхем и Вест Хем. Сумата која се споменува изнесува 25 милиони фунти, со што тимот од „Стемфорд Бриџ“ би бил во загуба од четири милиони евра во однос на неговиот трансфер во Лондон.

Повремениот репрезентативец на Англија, Фикајо Томори и воедно „изумот“ на Лампард, кој беше и еден од стандардните играчи во сезоната кога младиот стратег го предводеше Дерби Каунти, не е во плановите на Челси оваа сезона, а за него е заинтересиран Евертон кој е спремен да плати сума од 15 милиони фунти.

Се вчитува...