Лани играше за ЛА Лејкерс, сега потпиша за Реал Мадрид

Реал Мадрид пред самиот почеток на новата евролигашка сезона се пофали со ново засилување, потпишувајќи договор со 22-годишниот американски кошаркар Ник Смит џуниор.

Тренерот Педро Мартинез не беше најзадоволен со изборот на бековската линија, а управата на „кралскиот клуб“ успеа да доведе квалитетно зсаилување за овој дел од ростерот.

Смит Џуниор настапуваше за хорнетски во НБА-лигата од 2023 до 2025 година, по што минатата сезона се пресели во тимот на ЛА Лејкерс. Тој одигра 30 средби за „езерџиите“ и имаше просек од 6,2 поени по натпревар.

Новото засилување ќе биде дел од тимот на Реал Мадрид на претстојното издание на Суперкупот на Евролигата, во кое „кралевите“ за ривал во полуфиналето ќе го имаат составот на Дубаи.

Се вчитува...