Лапорта со закана: Барселона ќе оди на суд за да му го поништи договорот на Де Јонг!?

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта заедно со тесното раководство му испратиле писмо на талентираниот фудбалер Френки Де Јонг преу кое го известиле дека неговиот договор е незаконски и може да се поништи на суд.

Според „Атлетик“, управата наводно му се заканила дека ќе му го поништи договорот и ќе оди со него на судско рочиште, а претседателот на синдикатот на фудбалери на Холандија смета дека ова не е правилно и ќе го предаде случајот на ФИФА и Светскиот синдикат на фудбалери.

Идејата на Барселона е да го поништи договорот кој бил потпишан со управата на Бартомеу на 20 октомври 2020 година со што Де Јонг треба да остане во Каталонија до 2026 година.

Раководството на клубот смета дека условите за продолжување на договорот се незаконски и сега ситуацијата во Барселона е напната поради Де Јонг, кој неодамна доби богата понуда од Манчестер јунајтед, но реши да ја одбие.

Барселона сака да го продаде Де Јонг со цел да го ослободи буџетот и да заработи пари, а потоа да ги регистрира новите засилувања.

Се вчитува...