Лара Гут Бехрами најдобра на супервелеслаломот во Кортина Д’ампецо

Лара Гут-Бехрами е победничка на Супервелеслаломската трка која утрово се возеше во италијанскиот ски-центар Кортина Д’ампецот како дел од Светскиот куп во алпско скијање.

Швајцарката до победата стигна со време од 1:20.75 што беше за 21 стоти дел од секундата подобро од второпласираната Австријка Стефани Вение. Подиумот го надополни Французинката Роман Мирадоли која доцнеше 41 стотинка зад времето на победничката.

Организаторите и денеска имаа големи проблеми, бидејќи се случија голем број на падови, а трката не ја завршија дури седум алпски скијачки.

Се вчитува...