Лацио го купи Рафиња

Италијанскиот калчолигаш Лацио не успеа да го доведе Давид Силва, но го комплетираше трансферот на шпанскиот репрезентативец Рафиња. Тој доаѓа од Барселона за 12 милиони евра, иако последната сезона настапуваше како позајмен играч во Селта Виго.

Рафиња има одредено искуство од Серија А, со оглед дека во јануари 2018 година една полусезона играше во редовите на Интер, исто така како позајмен играч од Барселона. „Лацијалите“ во новата сезона ќе бидат дел и од Лигата на шампионите.

Се вчитува...