Лацио ја прекина низата од три последовни натпревари без победа во Серија А и го совлада Фросиноне на гости со 0-1. Стрелец на единствениот гол беше Фелипе Каиседо во 36.минута од натпреварот.
По овој триумф, Лацио се наоѓа на шестата позиција на табелата со 35 бода, идентично како и градскиот ривал Рома, а еден бод негатива во однос на четвртопласираниот состав на Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА