Лацио успеа да се пласира во полуфиналето на Купот на Италија, откако по подобро изведување пенали (3-4) го елиминираше Интер на „Џузепе Меаца“. Лаутаро Мартинез и Раџа Наинголан не реализираа удари од белата точка за Интер, а кај „лацијалите“ не погоди само Дурмиши. По 120 минути, резултатот беше 1-1.
Регуларниот тек од натпреварот заврши без голови, а многу повозбудливо беше во продолженијата. Чиро Имобиле го доведе Лацио во водство во 108.минута, а во 120.минута Мауро Икарди од пенал израмни на 1-1.
Лацио во полуфиналето ќе ги одмери силите со Милан, а во втората полуфинална двојка се среќаваат Фиорентина и Аталанта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА