Лацио не го пушта Милинковиќ-Савиќ на ЕП во Полска!

Големи проблеми се наметнуваат за селекторот на младата репрезентација на Србија, Ненад Лалатовиќ непосредно пред Европското првенство во Полска на кое е во група со Македонија, Шпанија и Португалија.

Лалатовиќ многу лесно би можел да остане без услугите на еден од најталентираните млади европски фудбалери, членот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој се уште не добива официјално одобрение од клубот за настап на ЕП.

Италијаните играат на таа карта што ЕП за млади не е официјален термин на УЕФА, па немаат обврска да ги ослободуваат своите фудбалери.

Стручниот штаб на Србија е во интензивен контакт со Лацио како би се добило дозвола, затоа што стартот на подготовките е веќе од 1. јуни.

„Вестите не се охрабрувачки. Лацио не сака да го ослободи, а во тој случај Сергеј не може да биде со нас. Секако дека сме загрижени затоа што се работи за еден од нашите најдобри фудбалери“ – вели координаторот на младата селекција на Србија, Владимир Матијашевиќ.

Се вчитува...