Лацио остана без Сергеј Милинковиќ – Савиќ

Италијанскиот калчолигаш Лацио во наредните три седмици ќе биде без офанзивниот играч за врска Сергеј Милинковиќ – Савиќ. Тој заработи повреда на бутниот мускул на дуелот против Емполи во Серија А и ќе мора принудно да отсуствува одреден период од фудбалските терени.

Лацио оваа седмица го очекува првиот меч против Севилја од нокаут фазата во Лигата на Европа, а српскиот интернационалец нема да биде во можност да им помогне на соиграчите. Лекарскиот тим на Лацио се надева дека ќе успее да го опорави Сергеј Милинковиќ – Савиќ за градското дерби против Рома. Претходно, тој ќе го пропушти мечевите од Серија А против Џенова и Милан.

Србинот оваа сезона одигра 27 натпревари за „лацијалите“, постигна четири гола и имаше една асистенција.

Се вчитува...