Лацио сака да го задржи Имобиле до 2025

Италијанскиот калчолигаш Лацио му нуди обновување на соработката на Чиро Имобиле сакајќи да го сочува на „Олимпико“ до 2025 година. Одличниот напаѓач игра во голема форма во Серија А оваа сезона, постигна 27 гола на 26 натпревари, а доби и примамлива понуда од Њукасл за да се пресели во Премиер – лигата и да заработува 7 милиони евра по сезона.

Медиумите на Апенините откриваат дека Имобиле е подготвен да остане во Рим и да го продолжи договорот со „лацијалите“ и за многу помала сума од понудената од Њукасл. Лацио му нуди 4 милиони евра годишно за да игра уште пет сезони на Олимпискиот стадион во Рим.

Лацио е во сериозна трка за шампионската титула во Италија, заостанува само еден бод зад Јувентус на 12 кола до крајот.

Се вчитува...