Лацио со пресврт до победа против Фиорентина

Лацио им се врати на победите по шокантниот пораз од Аталанта во минатото коло. Тимот на Симоне Инзаги со пресврт стигна до триумф од 2-1 против Фиорентина.

„Виолетовите“ поведоа со голот на Франк Рибери во 25.минута. Лацио возврати во вториот дел. Чиро Имобиле од пенал израмни во 67.минута, а победничкиот гол беше дело на Луис Алберто во 83.минута. Во судиското продолжение Фиорентина остана со играч помалку поради исклучувањето на Душан Влаховиќ.

Лацио сега има четири бода негатива во однос на лидерот Јувентус, а до крајот на шампионатот во Серија А има десет кола.

Се вчитува...