Лаутаро е на чекор до Барса – Интер избра играч за размена

Лаутаро Мартинез се наоѓа уште поблиску до преселба во Барселона откако Интер прифати левиот бек Жуниор Фирпо да замине во Италија како дел од трансферот на Аргентинецот на „Камп Ноу“. Италијанскиот клуб во изминатите два месеци отфрли неколку понуди на Барселона, за денеска и официјално да ја прифати „формулата“ Фирпо плус 70 милиони евра за Лаутаро Мартинез.

Во случајов Интер ја прифатил проценката на Фирпо за 41 милион евра, со што двата клуба би прикажале добивка (Барса го доведе овој фудбалер минатото лето за вкупно 30 милиони), а вкупната вредност на трансферот на Лаутаро ќе изнесува 111 милиони евра, колку што изнесуваше и клаузулата што истече минатата седмица. Аргентинецот веќе ги има договорено личните услови за петгодишен договор со „нероаѕурите“, а реализацијата на трансферот е добра вест и за Лео Меси, кој самиот побара неговиот сонародник да пристигне на „Камп Ноу“.

Сега останува уште еден „детал“, Барса да продаде некој од играчите на кои каталонскиот гигант не смета за да го откупи договорот на Лаутаро со Интер. Каталонските медиуми најавуваат дека поради коронавирусот раководството на клубот ќе мора најпрвин да продава пред да може да купува. Први на листата за заминување се Кутињо и Дембеле, а по доаѓањето на Лаутаро лесно може да се случи од „Камп Ноу“ да си замине и Гризман.

Се вчитува...