„Лаутаро никогаш не изрази желба да замине од Интер“

Извршниот директор на Интер Бепе Марота потврди дека Барселона е заинтересирана за услугите на Лаутаро Мартинез, но дека Аргентинецот никогаш не изразил желба да замине од Интер и затоа е сигурен дека одличниот напаѓач и следната сезона ќе игра кај „нероаѕурите“.

„Лаутаро е во фокусот на вниманието на другите клубови на трансфер пазарот, тоа сите го знаат. Тој има голем квалитет и многу го сакаат во своите редови. Интер не сака да го продаде својот најдобар фудбалер и доколку тој не изрази желба за заминување, не се откажуваме од него. Тој никогаш не бараше да замине. Никогаш. Голем оптимист сум дека и следната сезона ќе го гледаме на „Џузепе Меаца“, изјави Марота. 

Лаутаро беше стрелец на гол во синоќешната победа на Интер над Сампдорија со 2-1, со која „нероаѕурите“ се вратија во борба за трофејот во Серија А.

Се вчитува...