„Лавовите“ двапати го гризнаа Вардар… Работнички и Струга ТЛ тивки

Македонија ЃП има водство од 2-1 против Вардар по првите 45 минути на стадионот во Ѓорче Петров. Тивко, без многу шанси и возбудувања е на стадионот „Борис Трајковски“ каде играат Работнички и Струга Трим Лум.

Македонија ЃП поведе во втората минута. Калид Абдул Басит беше одлично проигран во шеснаесетникот на гостите, а тој со силен удар успеа да го совлада Филип Илиќ. Вардар возврати преку Стефан Лазаревиќ во 12.минута со удар од дваесетина метри, а пред самиот истек на првиот дел, Калид Абдул Басит постигна и втор погодок за „лавовите“.

Работнички и Струга Трим Лум многу повеќе внимаваат на својот гол. Нема голови, а немаше ни посериозни шанси за да се тресат мрежите.

Се вчитува...