„Лавовите“ славеа со Работнички за пробив на второто место, Шкупи триумфално во Битола на чекор до титула (ВИДЕО)

Шкупи е многу блиску до запечатување на шампионската титула во сезоната 2021/22 откако во 28. коло од Првата македонска фудбалска лига славеше на гостувањето против Пелистер со 0-1.

Творец на победата за чаирчани беше Омар Имер кој погоди во 65. минута само неколку моменти откако влезе во игра, а на асистенција на Фреди Алварез.

Македонија ЃП се проби на второто место на табелата откако триумфираше со 1-0 против Работнички. „Лавовите“ до победата дојдоа со маестралната соло-акција и прекрасен погодок на Сефер Емини уште во 11. минута од средбата.

Борец, пак, го изненади Струга ТЛ славејќи сосема заслужено со 2-0. Велешани до предност дојдоа со голот на Ѓорѓевиќ во 64. минута. А, во 77. минута Ѓоргиев од пенал ги постави конечните 2-0.

Во 91. минута Ѓоргиев имаше можност да донесе и 3-0 за Борец, но не успеа да реализира уште еден удар од белата точка.

ПРВА ЛИГА – 28. КОЛО

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 0-1

Имери 65′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 1-0

Емини 11′

Велес: БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ 2-0

Ѓорѓевиќ 64′, Ѓоргиев 77′(п)

УТРЕ (16 ч.)

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА

Скопје: СКОПЈЕ – ТИКВЕШ

Тетово: РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ

Се вчитува...