Вардар го совлада тимот на Охрид и се закити со нов трофеј во Купот на Македонија. „Црвено-црните“ во драматична завршница во кој охриѓани имаа шанса да дојдат до „егал“.
„Црвено-црните“ успеаја на крајот да триумфираат на овој меч, и така да дојдат до првиот трофеј сезонава, а се блиску до освојување и на титулата во првенството.
Играчот на Вардар, Милан Лазаревски ги искажа своите импресии од финалниот дуел.
„Многу тежок натпревар, но вакви се сите дербија сезонава. Секоја чест за дечките кои беа изонредни. Честитки и за Охрид кој е сериозен проект, со сериозна амбиција. Што се однесува до играта, тие што одиграа ништо не беше специфично. Голманот имаше свој ден и тој донесе таков исход да биде тесни на крајот. Во други услови би било повеќе разлика за нас. Но, ние сме најквалитетна екипа во Македонија, ќе го потвдиме тоа со двојна круна на крајот од сезоната. Честитки до сите, и навистина сум задоволен како се заврши Купот на Македонија“, изјави Лазаревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
