Лазаров донесе нова дерби – победа на Барселона

Барселона ја продолжи серијата победи во АСОБАЛ-лигата, откако тимот на нашите Кире Лазаров и Борко Ристовски славеше во денешното дерби против Ла Риоха со резултат 28-24 . Очекувано, актуелниот вицешампион достојно му се спротивстави на каталонскиот гигант, но на крајот сепак пресуди искуството и класата што ја поседуваат ѕвездите на Барса.

По првото полувреме резултатот гласеше 11-11, за во преостанатите 30 минути Барселона да заигра подобро, на десетина минути до крајот резултатски да се одлепи, па на крајот да слави со конечни 28-24 . Во клучните моменти блесна токму нашиот „бомбардер“ Кире Лазаров, кој постигна пет гола во последните петнаесет минути и му ја донесе победата на својот тим.

Борко Ристовски не настапи на оваа средба, Гонзало Перез де Варгас беше прв голман на Барса со 16 интервенции. Кире Лазаров беше одличен со шест постигнати гола, со што беше најефикасен во својата екипа, пред Мем, Жалуз и Ентрериос со по четири погодоци.

Се вчитува...