Лазаров горд на КЛ7: Децата се иднината на Македонија

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, не ја крие гордоста што е иницијатор на проектот КЛ7, клуб кој изминатиот викенд одбележа пет години од своите постоење. Децата од КЛ7 школите низ Македонија изминатиов викенд имаа меѓусебна средба, запознавање и дружење преку забава со нивниот идол Кирил Лазаров. Предновогодишно, организирани од цела Македонија допатуваа во Скопје во салата на ОУ “Круме Кепески”. Над 600 дечиња, дел од нив со своите родители ги преполнија трибините на салата во која се играа и три ревијални натпревари. Се играа средби помеѓу пионерите од школите, пионерките и најинтересниот натпревар на тренерите и нивните најдобри ученици, судија на натпреварот беше Лазаров.

„Ми претставува огромна чест и задоволство што функционираме повеќе од успешно веќе трета година низ цела Македонија организирани на 17 локации. Довербата тешко се стекнува, многу лесно се губи.Среќен сум што таа доверба ја стекнавме кај нивните родители и секако кај децата, благодарен сум на сите нив. Преку 1000 деца да се организираат во текот на целата година, инфраструктурно да се обезбедат услови, квалитетни тренинзи и сето тоа да функционира безпрекорно затоа сум благодарен на мојот тим за целата организација и секојдневната работа на школата. Со овој настан се запознавме уште подобро, а таа непосредност секогаш е причина плус за уште подобро функционирање и живот на КЛ7 како едно огромно семејство и во иднина. Бидејќи фундаментот на се во животот се децата , тие се нашата иднина, иднината на Македонија”, истакна капитенот Кире Лазаров.

Се вчитува...