Леандро Тросар и официјално е нов фудбалер на Бешикташ

Беше еден од хероите на Арсенал минатата сезона, кога „топчиите“ ја освоија титулата во Премиерлигата. Одигра одлично за Белгија на Светското првенство, а од денеска Леандро Тросар и официјално е играч на Бешикташ.

Истанбулскиот клуб  ќе му исплати на Арсенал околу 20 милиони евра, 18 милиони како обештетување и уште два милиони евра преку потенцијални бонуси.

Тросар потпиша тригодишен договор, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Се вчитува...