Леао потпишува нов договор со Милан, платата ќе му се искачи 7 милиони евра годишно

Милан има намера да го продолжи договорот со крилниот напаѓач Рафаел Леао. Португалецот се најде на „мета“ на многу клубови летово, пред се со Челси, но на крајот остана на „Сан Сиро“. Сега ќе му биде понуден нов договор до 2027 година со подобра плата од сегашната.

Според информациите од Италија, со новиот договор Леао ќе заработува 7 милиони евра годишно. Тоа е платата која агентот Хорхе Мендеш ја бара за новата соработка.

Актуелниот договор на Португалецот е до 2024 година. 23-годишниот фудбалер беше еден од заслужните за титулата на Милан минатиот шампионат, а во оваа сезона од пет натпревари во Серија „А“ има три гола и две асистенции.

Се вчитува...