Селекторот на американската кошаркарска репрезентација, Грег Попович објави амбициозна листа повикани играчи за настапот на Олимписките игри во Токио. На списокот од 44 имиња се наоаѓаат буквално сите најдобри играчи на НБА лигата и најголеми ѕвезди во светот на кошарката воопшто.
Почнувајќи од Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Каваи Ленард, Кајри Ирвинг, Кевин Дурант, Стеф Кари, Џејмс Харден, огромна е листата од која селекторот ќе треба да го избере тимот кој ќе оди на четвртото последовно злато од олимписките игри.
По дебаклот на последното Светско првенство во Кина кога репрезентацијата на САД заврши на седмата позиција, Американците нема да дозволат слична грешка и на Игрите во Токио. По неуспехот на Мундијалот речиси сите ѕвезди кои го одбија повикот за Кина, објавија дека ќе бидат дел од националниот тим за во Токио. Конечниот список ќе биде објавен во јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА