Леброн Џејмс ќе ја одигра 24-тата сезона од својата долга НБА-кариера во дресот на Филаделфија 76ерс, потврди самиот кошаркар кој изјави дека ова ќе биде неговиот последен танц во најсилната кошаркарска лига во светот. Тоа ќе биде четвртиот клуб во НБА-кариерата на Џејмс, која трае уште од 2003 година, кога беше избран како прв пик на драфтот.
Тој настапуваше за Кливленд во два наврати, како и за Мајами Хит и Лејкерс чиј дрес го носеше од 2018 година па сe до крајот на минатата сезона, кога стана јасно дека ќе одбере нова средина.
Така, Леброн ќе игра во најдобрата лига во светот сe до својата 44-та година, но сепак нема да биде најстариот играч во историјата на лигата, бидејќи рекордот уште од 1948 година го држи Нејт Хики, кој имал 45 години. „Кралот Џејмс“ четири пати беѓе НБА-шампион, шест пати финалист и четири пати МВП (најкорисен играч) во регуларниот дел од сезоната.
Тој е сопственик на импресивна низа НБА-рекорди, вклучувајќи ја и титулата најдобар стрелец во историјата на лигата со вкупно 51.961 поен, сметајќи ги регуларниот дел од сезоната и плејофот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
