„Леброн е машина за уништување кариери… шири токсичен отпад околу себе“

Леброн Џејмс е суперѕвезда што продолжува да доминира на кошаркарските терени низ САД, но новиот кошаркар на Филаделфија неочекувано беше нападнат од Квеми Браун, поранешниот прв пик на драфтот кој не ги оправда очекувањата и имаше потпросечна кариера во најсилната лига на светот.

Браун сепак во гостувањето на подкасктот „Шоуто на Кевин О’Конор“ сосема неочекувано реши да проговори против еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.

„Мислев дека Леброн е само обичен човек, но тогаш сфатив дека всушност тој е машина за маркетинг. А кога ќе се спротивставиш на таа машина, таа исфрла токсичен отпад околу себе. Иако однадвор изгледа добро, реалноста е дека уништува се околу себе. Погледнете само колку кариери има упропастено, почнувајќи од Расел Вестбрук… па тој не му дозволи ниту на Далтон Кнехт да напредува само поради неговиот син. И како и секогаш, после неколку години решава да го напушти клубот, за машината за маркетинг да изгледа добро и да се направи слика дека проблемот бил во тимот, не во Леброн“, истакнува Браун.

Се вчитува...