Леброн ископира уште еден легендарен потег на Коби Брајант (видео)

Голем дел од синоќешниот олстар-меч мина во чест на Коби Брајант, а Леброн Џејмс со еден извонреден контранапад го ископира атрактивниот потег на Брајант од неговиот прв олстар.

Коби тргна во офанзива на „мечот на сите ѕвезди“ во 1998 година, ја „скри“ топката со дриблинг зад грбот и потоа рутински реализираше.

Синоќа Леброн го направи речиси истото, тргна во контранапад, идентино како Брајант го измами својот противник, за на крајот со атрактивно забивање да стави печат на извонредната соло-акција.

Се вчитува...